среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатни обуки за дигитална писменост на повозрасните карпошани

Бесплатни обуки за дигитална писменост на повозрасните карпошани

82

Започнувајќи од 18.03.2025 година, Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата „Таск-ХРС“ им нуди на своите постари жители, можност да посетуваат бесплатна обука за дигитална писменост. Станува збор за иницијатива која се реализира преку годишната Програма на локалната самоуправа за еднакви можности меѓу жените и мажите, за која Општината од својот буџет одвои 600.000 денари.

Обуките ќе се одржуваат секој вторник со почеток во 18:00 часот во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“, а еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани претходно треба да го најават своето присуство на телефонскиот број 071 376 080.

-Во оваа пригода повозрасните карпошани можат да зачекорат во дигиталниот свет, стекнувајќи практични вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите какви што се електронското банкарство, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на  електронските уреди, безбедно пребарување на интернет мрежата, креирање и користење на електронската пошта, користење на државните дигитални услуги, онлајн купување, користење на популарните платформи Facebook, Instagram, апликациите Viber, WhatsAPP и слично – соопштија од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ