Лидерите на северниот етиопски регион Тиграј објавија дека нивните сили повторно се во судир со федералната влада, што сериозно го загрозува мировниот договор постигнат пред четири години. Борби избија во Тиграј, Афар и Амхара, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).
Претходната граѓанска војна меѓу Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF) и федералните сили траеше од 2020 до 2022 година и, според проценките, однесе стотици илјади животи. Конфликтот заврши со договор потпишан во Преторија во ноември 2022 година.
На новата ескалација ѝ претходеа месеци на растечки тензии. Во неделата, TPLF објави дека со уште шест други вооружени групи од различни делови на Етиопија формирал сојуз чија цел е соборување на владата на премиерот Абиј Ахмед.
Регионалната администрација предводена од TPLF изјави дека владата ги интензивирала нападите врз населението во Тиграј – како што тврдат тие – по што регионалното раководство им наредило на своите сили да започнат контранапад.
– Откако автократскиот и геноциден режим на Абиј Ахмед ја интензивираше инвазијата врз народот на Тиграј, регионалната влада на Тиграј објави дека нејзините сили добиле наредба за контранапад и дека влегле во одбранбена војна – се вели во соопштението.
Гетачев Реда, советник на премиерот Ахмед и поранешен функционер на TPLF, објави на платформата „Икс“, дека TPLF ја презела контролата врз аеродромите во Тиграј со кои претходно управувала федералната влада. Според неговите наводи, започната е и „општа офанзива“ врз владините позиции во соседните области Афар и Амхара.
Ethiopia:
Tigrayan forces have taken control of Mekelle’s Alula Aba Nega Airport from the federal forces of the Abiy.
There is fighting across Tigray, Afar and Amhara, and the Tigray regional authorities have announced that their forces have entered what they call a… pic.twitter.com/m0oNBSj1VK
— Abu Kittens ⵣ ✪ ▄︻╦芫≡══– 🌺 ☠︎︎ ﹏𓊝﹏ (@mabukittens) September 23, 2026
Поради влошената безбедносна ситуација, авиокомпанијата „Ethiopian Airlines“ ги суспендираше сите летови кон Тиграј.
Борбите во трите региони ги потврдија висок етиопски функционер, дипломат, хуманитарен работник и лице блиско до TPLF и сојузничките милиции. Според нивните наводи, во Афар силите од Тиграј дејствуваат заедно со локална вооружена група, додека во Амхара формирале сојуз со милицијата „Фано“.
„Фано“ ја поддржуваше федералната влада за време на претходната војна, но во 2023 година започна вооружен бунт против властите. Таа група сега е дел од сојузот предводен од TPLF.
🚨🚨 | 𝗜𝘀 𝗘𝘁𝗵𝗶𝗼𝗽𝗶𝗮 𝗴𝗼𝗶𝗻𝗴 𝘁𝗵𝗿𝗼𝘂𝗴𝗵 𝘆𝗲𝘁 𝗮𝗻𝗼𝘁𝗵𝗲𝗿 𝗽𝗲𝗿𝗶𝗼𝗱 𝗼𝗳 𝗱𝗲𝘀𝘁𝗮𝗯𝗶𝗹𝗶𝘇𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻?
𝗦𝗲𝘃𝗲𝗻 𝗮𝗿𝗺𝗲𝗱 𝗴𝗿𝗼𝘂𝗽𝘀 𝗵𝗮𝘃𝗲
𝗮𝗻𝗻𝗼𝘂𝗻𝗰𝗲𝗱 𝘁𝗵𝗲𝘆 𝗮𝗿𝗲 𝗷𝗼𝗶𝗻𝗶𝗻𝗴 𝗳𝗼𝗿𝗰𝗲𝘀 𝘁𝗼
𝗿𝗲𝗺𝗼𝘃𝗲 𝘁𝗵𝗲… pic.twitter.com/FxIjUWux5k— Abdikarin Dahir (@Abdikarindahirr) September 23, 2026
Претставниците на премиерот Ахмед, на федералната влада и на TPLF не одговорија веднаш на барањата за коментар. Федералните власти ја обвинуваат TPLF за кршење на одредбите од Договорот од Преторија и за обид за дестабилизација на земјата.
Портпаролката на премиерот, Билене Сејум, изјави за Ројтерс дека групите собрани во новата алијанса соработуваат веќе извесно време и дека добиваат финансиска поддршка од Еритреја, соседна земја со која Етиопија има долга историја на конфликти.
Еритреја во повеќе наврати негираше дека им помага на вооружените групи во Етиопија. Министерот за информации на Еритреја во средата одби да ги коментира најновите судири.












