Микел Артета постигна договор со Арсенал за продолжување на соработката, со што им стави крај на повеќемесечните шпекулации околу неговата иднина. Актуелниот договор на шпанскиот стратег истекуваше на крајот од сезоната, но преговорите со раководството на клубот завршија успешно.
Според договореното, Артета ќе добие значително зголемување на годишната плата, која досега изнесуваше околу 12 милиони евра, а предвидени се и бонуси до шест милиони евра зависно од резултатите. Точното времетраење на новиот договор сè уште не е официјално објавено, но се очекува Артета да остане на „Емирати“ и по завршувањето на актуелната соработка.
Шпанецот пристигна во Лондон во декември 2019 година и постепено го изгради Арсенал во тим што повторно се бори за најголемите трофеи.
- Немаат причина за грижа бидејќи сакам да останам овде. Исклучително сум среќен и многу благодарен за можноста да работам со луѓето со кои соработувам – порача Артета.











