понеделник, јули 6, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна психолошка поддршка за средношколци

Бесплатна психолошка поддршка за средношколци

18

Град Скопје почнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје.

Градските власти информираат дека проектот ќе се реализира преку две важни активности: психолошко советување – бесплатни индивидуални сесии за емоционална поддршка, разговор, разбирање и стручна помош за младите и тоа во Козле, Аеродром и Центар, како и едукативни работилници – наменети за стручен кадар и родители од 23 средни училишта, со фокус на превенција од насилство, справување со зависности и унапредување на менталното здравје кај младите.

-Ниту едно дете, ниту еден млад човек не смее да се чувствува сам, заборавен или оставен без поддршка. Младите заслужуваат внимание.     Заслужуваат разбирање. Заслужуваат систем кој ќе ги препознае нивните потреби навреме и ќе им подаде рака кога најмногу им треба – потенцираат од Град Скопје.

Заинтересираните потребните информации можат да ги добијат, но и да закажат на телефонскиот број: +389 75 422 781.

Носители на проектот се: Асоцијација „Гаспар“ и „Лумен“.

 

ИЗДВОЕНИ