недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бесплатен превоз за жителите на три планински села во Тетово

Бесплатен превоз за жителите на три планински села во Тетово

30

Пуштена е  во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово.

Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот.

– Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложбата за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи полесна мобилност и подобра поврзаност со градот Тетово. Воспоставувањето на оваа услуга претставува директна инвестиција во благосостојбата на граѓаните, поддршка на семејствата и поттик за одржлив развој на планинските населени места – соопштија од Општина Тетово. 

Локалната самоуправа најавува дека и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и зајакнување на поврзаноста меѓу планинските села и градот Тетово.  

ИЗДВОЕНИ