петок, септември 11, 2026
Дома МАГАЗИН Белгиец пронашол детелина со седум ливчиња – соседите го молат да им...

Белгиец пронашол детелина со седум ливчиња – соседите го молат да им ги пополни ливчињата за лото

0

Џеф Бауверартс од Влимерен, во близина на Бирсе на североистокот на Белгија, додека го шетал кучето низ полињата и фармите во Вилмерен, пронашол ретка детелина со седум листови.

„Веќе имам пронајдено доста детелини со четири листови, но и детелини со пет и шест листови. Полињата се полни со нив. Но, вчера останав зачуден кога пронајдов детелина со седум листови. Тоа никогаш порано го немам видено“, изјави Бауверартс, пренесува денес VRT.

Тој изјави дека открил оти шансата да се пронајде детелина со седум листови е околу еден спрема 250 милиони.

„На почетокот помислив дека можеби се две детелини со четири листови залепени една за друга. Кога подобро погледнав, се испостави дека тоа не е случај“, рече Бауверартс.

Тој додаде дека детелината со седум листови ја однел дома и ја ставил во чаша со вода за да трае подолго.

На прашањето дали мисли дека детелината со седум листови ќе му донесе среќа, Бауверартс рече дека „веќе имал голема среќа“.

„Здрав сум и го имам сите што го посакувам. Што повеќе можете да посакате? сакам да ги споделувам детелините со четири листови што ги наоѓам со пријателите или семејството“, истакна Бауверартс.

Тој рече дека соседите веќе го прашале дали сака со нив да пополни ливче за играта на среќа лото.

„Мислат дека ќе имаат дополнителна среќа сега кога пронајдов детелина со седум листови, но јас не играм такви игри“, наведе Бауверартс.

ИЗДВОЕНИ