петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Индонезија: Епицентарот во Бандското море

Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Индонезија: Епицентарот во Бандското море

0

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Бандското Море, во близина на индонезиските острови Малуку, соопшти државната агенција за геофизика.

Агенцијата наведе дека не постои опасност од цунами, пренесе Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 143 километри.

Засега нема извештаи за повредени лица или за причинета штета.

ИЗДВОЕНИ