Белата куќа му се заблагодари на Елон Маск на неговата служба, откако милијадерот најави дека го завршува својот ангажман во администрацијата на претеседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.
„Му се заблагодаруваме за неговата работа. Благодарни сме што го започна Министерството за владина ефикасност, а напорите за намалување на расфрлањето, измамите и злоупотребата ќе продолжат“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.
Таа одби дополнително да го коментира заминувањето на милијардерот кој првпат оваа недела го критикуваше својот близок сојузник Трамп.
Маск вчера потврди дека ја завршува својата мисија преземена со цел да се намалат сојузните трошоци откако четири месеци беше дел од невиден експеримент.
„Со привршувањето на мојот мандат како посебно лице ангажирано од владата, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп што ми даде можност да ги намалам непотребните трошоци“, напиша претприемачт во средата на својата социјална платформа „Икс“.
Odbila je dodatno komentirati odlazak milijardera koji je po prvi put ovog tjedna kritizirao svog bliskog saveznika Trumpa.
Musk je jučer potvrdio da završava svoju misiju poduzetu s ciljem smanjivanja saveznih troškova nakon što je četiri mjeseca bio dio dosad neviđenog eksperimenta.
„Мисијата Доџ уште повеќе ќе се засили во иднина и ќе стане начин на живот во владата“; рече шефот на компаниите „Тесла“, „СпејсЕкс“ и „Икс“.
Министрите „тесно соработуваа со Елон Маск и ќе продолжат да соработуваат вработените во Доџ кои се придружија на секоја од овие агенции откако ги именуваше претседателот, изјави Левит за новинарите.