понеделник, ноември 2, 2026
Дома СВЕТ Бела куќа: Средбата Трамп-Путин не е целосно исклучена

Бела куќа: Средбата Трамп-Путин не е целосно исклучена

102

Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е целосно исклучена, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Мислам дека претседателот и целата администрација се надеваат дека тоа може да се случи повторно еден ден, но сакаме да се осигураме дека од таа средба ќе произлезе опиплив позитивен резултат“, рече таа на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Според неа, Трамп не видел доволно акција од Русија кон постигнување мир и сака да види акција, а не само зборови за завршување на војната.

Ливит рече дека Трамп е сè повеќе фрустриран и дека од него зависи дали ќе има повеќе санкции против Русија, пренесува „Танјуг“.

Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ