Белата куќа сè уште не даде временска рамка за американските планови за обезбедување на Ормутскиот теснец. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека не сака да се „обврзува на рок“ кога станува збор за американските планови за обезбедување на клучната бродска линија.
Таа додаде дека ситуацијата активно ја разгледува Министерството за војна, како што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги нарекува Министерството за одбрана и Министерството за енергетика.
Ормутскиот теснец е контролиран од Иран, а околу една петтина од светските залихи на нафта минуваат низ овој морски пат. Техеран претходно објави дека теснецот е затворен за меѓународен сообраќај.
Трамп вчера изјави дека американската морнарица ќе започне со придружба на танкери низ Ормутскиот теснец, доколку е потребно.
Иран изјави дека ќе ги запали бродовите што се приближуваат до областа.












