Балканското првенство во кик-бокс, кое се одржа во Нови Сад (Србија), донесе голем успех за македонската мау таи кик-бокс репрезентација, во чиј состав настапија и три натпреварувачки од Кик-бокс клубот „Самурај“ од Битола. Тие освоија два златни и еден сребрен медал.
Во сениорска конкуренција до 70 кг, Дамјана Пеовска во дисциплината кик лајт по тешка и неизвесна борба загуби во финалето од српската натпреварувачка Јелена Седоглавиќ и го освои сребрениот медал.
Во категорија до 60 кг, Мила Мартинез Крстиновска во финале се соочи со Горјана Николоска, исто така членка на македонскиот национален тим. Борбата заврши со прекин, а Крстиновска извојува победа и се закити со златен медал.
Леа Бошевска во категорија до 50 кг во дисциплината кик лајт имаше импресивен настап. Во полуфиналето таа со целосна доминација во сите три рунди ја совлада бугарската репрезентативка Марија Јанева и обезбеди пласман во финале. Во финалната борба, Бошевска се соочи со српската репрезентативка Лидија Абазовски и повторно прикажа супериорна форма, што доведе до прекин во третата рунда.
Со оваа победа, Леа Бошевска стана балкански првак во својата категорија, а беше прогласена и за најдобар борец во сениорска конкуренција, добивајќи посебно признание и пехар со посвета.
ИЗДВОЕНИ

ВО ХРАМОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА ОДНОВО СЕ СЛУШНАА ТЕШКИ НАВРЕДИ: „Кокошка“ во Собранието – Кодексот падна на првиот тест

СУДИЈАТА ГОЦЕ НАУМОВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ САМО ПЕТ МЕСЕЦИ ПО ИЗБОРОТ: Нова оставка за нови кочници во Уставниот суд

Платите, цените и потрошувачката кошница не стигнаа на дневен ред на седницата на ЕСС

Наместо без работа зад решетки, затворениците со метли покрај патиштата







