недела, ноември 22, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети кон Украина за една...

Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети кон Украина за една недела

0
EPA/SARAH MEYSSONNIER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во текот на една недела, Русија лансирала околу 2.700 дронови, речиси 1.460 авионски бомби и 165 ракети од различен тип кон Украина.

„Оваа недела, руските напади погодија 20 региони во Украина. Русија кон нив лансираше околу 2.700 дронови, речиси 1.460 авионски бомби и 165 ракети од различен тип. Значителен дел од нив се балистички ракети – конкретно севернокорејски – кои Русија активно му помага на Пјонгјанг да ги модернизира за поголема прецизност“, напиша Зеленски во објава на „Фејсбук“.

Според него, „во овој контекст, особено е тешко да се разберат доцнењата во испораката на противбалистички ракети за Украина“.

„Клучно е Соединетите Држави да го одобрат трансферот на ракети ’Патриот‘ (Patriot), кои веќе се платени од партнерите во рамките на програмата PURL [Patriot/PAC-3]. Исто така, од витално значење е да продолжат придонесите за програмата PURL, која служи како наш главен извор на противбалистичка одбрана“, нагласи Зеленски.

Зеленски истакна дека утрово руски напад погодил петкатна зграда во Димер, во Киевскиот регион, каде што во моментов се одвива операција за пребарување и спасување.

Според него, девет лица се евакуирани од оштетената зграда, додека за 14 лица сè уште нема информации. „Најмалку 14 луѓе се заробени под урнатините на зградата по рускиот напад“.

Најмалку 14 лица можеби сè уште се заробени под урнатините на станбена зграда, која утрово била погодена од руски дрон во Киевскиот регион, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој на платформата „Икс“ (X) објави дека дел од петкатна станбена зграда се урнал по нападот со руски дрон. Тој им се заблагодари на спасувачките екипи за нивната брза реакција, наведувајќи дека тие веќе евакуирале девет лица и го ставиле пожарот под контрола. Локалните власти соопштија дека две лица, меѓу кои и еден тинејџер, се повредени.

На снимките од службите за итни интервенции се гледаат спасувачи како пребаруваат низ голема куп урнатини, додека истовремено им помагаат на станарите да се симнат од оштетената зграда со помош на скали и платформа поставена на кран.

ИЗДВОЕНИ