недела, ноември 22, 2026
Дома МАГАЗИН Дино Мерлин, од сиромашен бравар, стана најдобро платен пејач – Не стивнува...

Дино Мерлин, од сиромашен бравар, стана најдобро платен пејач – Не стивнува медиумската тревога околу босанскиот музичар Един Дервишхалидовиќ

1

Откако деновиве низ речиси целиот Балкан се крена голем медиумски прав поради откажаниот новогодишен концерт на Един Дервишхалидовиќ, попознат какo Дино Мерлин во Сплит, бидејќи петицијата ја потпишаа повеќе од 20 илјади сплиќани, луѓето се прашуваат која е неговата сопруга, за која исто така многу се зборува, од Вардар до Триглав.

Своето секојдневие Дино го дели со убавата сопруга Амела. Во неа се вљубил едно топло лето на 8 август 1979 година.Нивната љубов започнала уште во младоста, кога Дино имал само 17 години. Меѓутоа таа младешка врска небила прифатена од родителите на Амела. Само затоа што Амела потекнувала од богато семејство, додека Дино тогаш одел во средно браварско училиште и воопшто немал пари.

Денес, кога ќе се сети на тие денови, пејачот вели: – Се криевме од нејзините, но тие немаа сила да не разделат. Нашата љубов беше посилна од сè. По пет години дури и тајно се венчавме, пак да не знаат нејзините. Еден тивок ужас. На нашата малечка свадба присуствувале малку луѓе, меѓу кои и нашите кумови, како и сестрата на Амела.

Но, финансиската ситуација на Дино воопшто не се подобрувала и откако тој почна да се занимава со естрадата. Одеше тешко. Дури и од една турнеја низ поранешна Југославија се вратил дома без хонорар.

– Тогаш веќе имавме бебе. Нашата сакана ќеркичка Наида имаше околу шест месеци. Наредното утро, сопругата,  загрижена, откако се наспав, преморен и од настапите и од патувањата, ме праша дали сум донел пари? Тогаш јас и Амела немавме пари да купиме дури ни млеко за бебето. Ситуацијата ни беше катастрофална. Да не беше големата љубов меѓу нас и вербата во подобро утре, досега ќе се разведевме. Победија разбирањето, толеранцијата, љубовта,надежда, се сеќава Дино.

И покрај сиромаштијата, Дино и Амела останале заедно. Во меѓувреме, им се роди синот Хамза, а Дино почнал сериозно да заработува од естрадните настапи. Денес е еден од најдобро платени пејачи на просторите на поранешната Југославија. Велат дека заработува подобро и од најдобриот, Здравко Чолиќ. Верувале или не, речиси секој негов концерт не е под сто илјади евра!

А, за оние што не знаат, Дино го има напишано големиот хит за Цеца Ражнатовиќ, „Мој Београде“, додека со исто така популарната Весна Змијанац ја испеаја во дует легендарната песна „Кад замиришу јорговани“.

Во 2020 година, семејството на Дино Мерлин се прошири, се роди неговиот внук Незир, а тој стана и дедо.

(Д. М.) фото: ФБ-архива

 

ИЗДВОЕНИ