
Манчестер сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот што е главна тема веќе со месеци, а последиците би можеле да се почувствуваат и на трансфер- пазарот. Додека челниците на „Итихад“ го чекаат исходот од евентуалните санкции, европските гиганти внимателно ја следат ситуацијата.
Меѓу нив е и Баерн Минхен, кој, според најновите информации, го насочил вниманието кон Манчестер и кон едно од најголемите имиња во тимот, Џанлуиџи Донарума.
Италијанскиот голман пристигна во Манчестер сити од ПСЖ минатото лето и потпиша договор до летото 2030 година, но ситуацијата во меѓувреме целосно се промени. Сити беше прогласен за виновен за поголемиот дел од 115. обвиненија поврзани со прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а потенцијалните санкции сè уште не се конечно утврдени. Можните казни вклучуваат сериозно одземање бодови, што го постави прашањето што би можело да се случи со најголемите ѕвезди на клубот.
И токму тука Баерн Минхен ја гледа својата можност, но не само тој туку и многу други европски гиганти. Донарума е меѓу играчите чија иднина би можела да стане особено интересна доколку се соочи Манчестер сити со строги санкции.
Според извештаите што се појавија изминатите денови, Баерн Минхен ја следи ситуацијата и би можел да се обиде да ја искористи секоја неизвесност околу Италијанецот.
Италијанецот пристигна во Манчестер по четири години поминати во ПСЖ, каде што освои четири последователни титули во француското првенство, а беше дел од тимот што ја освои и Лигата на шампионите.
Едно е сигурно, пресудата за Манчестер сити отвора ново поглавје, а она што изгледаше како долгорочна приказна само пред неколку недели – за Донарума во Манчестер, сега доби пресврт.











