петок, септември 18, 2026
Дома МАГАЗИН Атмосферата постави климатски рекорд во август: Ова не се случило 100.000 години!

Атмосферата постави климатски рекорд во август: Ова не се случило 100.000 години!

0

Во август, атмосферата на Земјата содржела повеќе водена пареа отколку во кој било друг месец во историјата на мерењата, што дополнително го зголеми ризикот од екстремни горештини и врнежи ширум светот, покажаа податоците објавени од Службата за климатски промени „Коперник“ (C3S) на Европската Унија.

Климатолозите изјавија дека глобалното затоплување придонесе за овој рекорд бидејќи потоплата атмосфера може да задржи повеќе вода, а и дека „Ел Нињо“ – природен климатски феномен кој настанува со затоплување на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан и слабеење на пасатите – веројатно исто така го зголемил нивото на водена пареа, пренесува „Гардијан“.

Според податоците на „Коперник“, количината на водена пареа во атмосферата до август изнесувала 27,35 килограми на квадратен метар, што е за 0,04 килограми на квадратен метар повеќе од претходниот рекорд од јули 2024 година.

Оваа вредност опишува колку водена пареа се наоѓа во воздушниот столб што се протега низ атмосферата над еден квадратен метар од површината на Земјата.

Август исто така беше најтоплиот месец на планетата, вклучително и според збирот податоци на Националната управа за океани и атмосфера на американската влада (NOAA), кои датираат од 1850 година.

Климатологот од Универзитетот Тексас А&М, Ендру Деслер, оцени дека е „незамисливо кој било месец во последните неколку илјади години – можеби и 100.000 години – да имал повеќе водена пареа во атмосферата отколку август“.

ИЗДВОЕНИ