петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Арсенал го договори првото летно засилување

Арсенал го договори првото летно засилување

172
epa12788235 Arsenal's William Saliba (C, partially seen) celebrates with his teammates after scoring the 1-0 goal during the English Premier League match between Arsenall FC and Chelsea FC in London, Britain, 01 March 2026. EPA/ANDY RAIN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Додека борбата за Премиер лигата, Лигата на шампионите и куп трофеите во Англија продолжува, челниците на Арсенал работат на неколку фронтови.

Имено, според пишувањето на англиските медиуми, Арсенал го договорил првиот летен трансфер.

Се подразбира дека Арсенал ќе го откупи договорот на Хинкапи кој моментално настапува на „Емирати“ како позајмен фудбалер од редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен.

Артета веќе им стави до знаење на челниците на Арсенал дека сака да го задржи во клубот, а сега практично сè е договорено.

„Топџиите“ го доведоа Хинкапи во самиот финиш од преодниот рок минатото лето, а тој веднаш етаблираше како важно засилување.

Пред да дојде во Арсенал, тој беше еден од водечките дефанзивци во Бундеслигата, а пристигна на позајмица во Лондон за само 6 милиони евра.

Арсенал има опција да го откупи неговиот договор за 52 милиони евра на крајот од сезоната, и планира да ја активира таа клаузула.

Англичаните тврдат дека имаат информации според кои Артета е воодушевен од играта на овој дефанзивец.

„Пјеро се вклопи толку добро во тимот и во клубот како целина. Сите се многу задоволни од него и тој станува сè подобар и подобар“, тврдат Англичаните.

Минатиот месец, овој играч наполни 24 години, а оваа сезона 15 пати беше стартер во дресот на Арсенал.

Една од неговите најголеми предности е неговата разноврсност, поточно фактот дека може да игра практично на која било позиција во одбраната.

„Топџиите“ не се двоумеа да го комплетираат трансферот откако Артета јасно стави до знаење дека го сака во тимот во наредните години.

Како што стојат работите, Луис-Скели е оној кој би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб следното лето бидејќи нема многу можности за играње.

 

ИЗДВОЕНИ