недела, јуни 7, 2026
Дома СВЕТ Аракчи: САД нападнаа цивилна инфраструктура, засегнато е водоснабдувањето

Аракчи: САД нападнаа цивилна инфраструктура, засегнато е водоснабдувањето

200

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека САД извршиле напад врз цивилна инфраструктура, имено врз постројка за десалинизација на вода на иранскиот остров Кешм во Персискиот Залив.

Аракчи го осуди „очигледниот и очаен злостор“ во објава на платформата „Икс“, објави Иран Прес ТВ.

Тој додаде дека нападот влијаел врз водоснабдувањето во 30 села.

„Нападот врз иранската инфраструктура е опасен потег со сериозни последици. САД го поставија овој преседан, а не Иран“, рече Аракчи.

Заменик-генералниот гувернер на покраината Хормузган, Ахмад Нафиси, денес изјави дека целта на нападот меѓу САД и Израел била една од постројките за десалинизација на вода на островот Кешм, како и дел од водоводната и електричната инфраструктура на островот, која ги снабдувала селата на островот со околу 12.000 до 15.000 литри вода, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ