петок, октомври 9, 2026
Дома СВЕТ Апокалиптични сцени во Италија: Невреме и поплави ја парализираа земјата/ВИДЕО

Апокалиптични сцени во Италија: Невреме и поплави ја парализираа земјата/ВИДЕО

0
Фото: Printscreen/X

Обилни дождови и поројни врнежи предизвикаа поплави и нарушувања во сообраќајот на југот на Италија, посебно во Неапол и Бриндизи, додека во 46 општини во регионот Кампанија на сила е мерка за затворање на училиштата.

Потокален метео-аларм останува на сила до 15 часот за Неапол, Кампаниската Рамнина, подрачјето на Везув и островите во Неаполскиот Залив, додека за останатите региони е издаден жолт аларм, пренесува „Аднкронос“.

Во Неапол поплавите посебно ги погодија западните делови на градот, помеѓу населбите Фуоригрота и Бањоли.

Противпожарните екипи интервенираа во повеќе општини за да ги санираат последиците од поплавите и да им помогнат на возачите заглавени во возилата.

Во местото Мелито отстрануваа олуци и нестабилни делови од ѕид кои претставуваа безбедносен ризик.

Поради невремето се одржа и состанок на координативниот центар за вонредни ситуации, по силните поројни дождови кои го погодија метрополитенското подрачје, посебно општините Арцано, Грумо Невано и Ѓуљано.

Во Бриндизи противпожарните екипи од синоќа работат на отстранување на последиците од обилните врнежи, испумпување на поплавените подрачја и обезбедување на загрозените делови од градот. Поплавен е и пешачки подвозник.

Пожарникарите утринава интервенираа и на регионалниот пат 50, помеѓу Франкавила Фонтана и Вила Кастели, каде што дошло до сообраќајна несреќа во која учествувало едно возило.

Возачот бил спасен и пренесен во болница пред пристигнувањето на пожарникарите.

ИЗДВОЕНИ