Шпанските новинари, без разлика дали доаѓаат од Европа или од Латинска Америка, им се лутат на организаторите што не можат на шпански да им поставуваат прашања на фудбалерите, по натпреварите.
Мароканецот роден во Мадрид, Ашраф Хакими, покажа подготвеност да одговори на прашањата на шпански, по ремито 1:1 со Бразил, но…
„Извинете“, модераторот го прекина разговорот помеѓу мексиканскиот новинар и десниот бек на Пари Сен Жермен, а потоа потсети на правилата:
- Можете да поставувате прашања само на јазиците што ги наведовме. Значи, не на шпански.
Хакими интервенираше и со насмевка објасни дека нема проблем да разговара на шпански, но следуваше оправдување за оваа забрана.
El Mundial 2026 presume diversidad, pero una rueda de prensa de Brasil y Marruecos no permitieron preguntas en español, Idioma oficial de uno de los países sede y hablado por millones en Norteamérica. Incomprensible. pic.twitter.com/NxlDu76xHR
— José Ramón Fernández (@joserra_espn) June 14, 2026
- Не, не можеме да го правиме тоа поради преводот.
Неговиот ривал таа вечер во Њу Џерси, Винисиус Јуниор, исто така немаше проблем да одговори на прашањето на шпанскиот новинар.
Иако новинарот му се обрати на англиски, самиот ас на Реал го почна разговорот на шпански… Сè додека модераторот не го прекина со истото објаснување.
Несомнено е дека на двајцата им беше полесно да го водат разговорот на јазикот што го знаат многу подобро и го користат почесто од англискиот и е неверојатно што организаторите на централниот спортски настан оваа година не најдоа преведувач за јазикот што го зборуваат 636 милиони луѓе низ целиот свет. Иако организаторите се од САД.
Секако, Канада и Соединетите Американски Држави се англофонски нации, иако во САД нема официјален јазик на федерално ниво, а во некои „држави“ шпанскиот јазик ужива статус на некаков официјален јазик според локалните закони.
И покрај нејасниот правен статус на шпанскиот јазик во САД, мора да се земе предвид дека официјалниот јазик на една од трите рамноправни земји домаќини беше запоставен, без оглед на фактот што не се играа овие натпревари на мексиканска територија.
El Mundial 2026 presume diversidad, pero una rueda de prensa de Brasil y Marruecos no permitieron preguntas en español, Idioma oficial de uno de los países sede y hablado por millones en Norteamérica. Incomprensible. pic.twitter.com/NxlDu76xHR
— José Ramón Fernández (@joserra_espn) June 14, 2026











