Поп-пејачката Андријана Јаневска е активна на музичката сцена како никогаш порано. По блескавите настапи ова лето, со почетокот на есента, таа продолжува во ист ритам. На прилепскиот плоштад „Александрија“, со почеток во 20:30 часот, на 10 Oктомври, а спроти празникот 11 Октомври, Јаневска ќе пее по повод одбележувањето 85 години од почетокот на Народното востание на македонскиот народ.
Публиката ја очекува интересна празнична вечер со прекрасните песни од репертоарот на Андријана. И забавни и патриотски. Во рамките на концертот и на прославата, предвиден е и спектакуларен огномет над градот Прилеп. Пејачката од сè срце ги кани сите да бидат дел од одбележувањето на овој значаен датум од славната македонска историја.
(Д. М.)












