Млада мајка, Андреа, од Венецуела, починала спасувајќи ја својата ќерка за време на земјотресите што ја погодија земјата, објавија локалните медиуми. Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиниот сопруг, фудбалерот Хектор Бело.
Бело напиша на својот Инстаграм профил дека „неговата драгоцена љубов“, која венецуелските медиуми ја објавија како негова сопруга Андреа, го спасила животот на нивното дете за време на двата силни земјотреси.
„Ќе ѝ ја раскажам приказната за тоа како ја спаси, љубов моја, како го даде својот живот за нашата ќерка, како беше храбра жена која никогаш не ја напушти, дури ни кога издивна“, напиша Бело.
View this post on Instagram
Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани низ урнатините по двата земјотреси во близина на главниот град Каракас, во кои загинаа најмалку 920 лица, а беа повредени над 4.300.
Во серија објави, Бело рече дека отпатувал во Каракас, каде што неговата ќерка е на лекување.
Во посебна објава на Инстаграм, тој напиша:
– Како да ѝ објаснам на нашата ќерка дека го изгубие животот за да го спасиш нејзиниот, а јас не бев таму да направам ништо? Како да објаснам? Дај ми сила сега.












