петок, јуни 19, 2026
Дома СВЕТ Американските разузнавачи предупредуваат дека Нетанјаху би можел да го поткопа договорот со...

Американските разузнавачи предупредуваат дека Нетанјаху би можел да го поткопа договорот со Иран

0
EPA/RONEN ZVULUN / POOL

Американските разузнавачки агенции ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веројатно ќе преземе чекори во Либан што би ги поткопале неговите напори за постигнување траен мировен договор со Иран, изјавија денес сегашни и поранешни американски функционери.

Нов извештај на американското разузнавање заклучува дека политичкиот опстанок на Нетанјаху пред парламентарните избори на есен е поврзан со покажување на гласачите дека нема да ги повлече трупите од Либан и дека има намера да ги ескалира борбите со либанското милитантно движење Хезболах, поддржано од Иран, изјави за „Вашингтон пост“ американски функционер запознаен со извештајот.

Во извештајот на американското разузнавање, исто така, се наведува дека Израел е фрустриран од условите на мировниот меморандум на Трамп со Иран, кои ја саботираат целта на Израел за одржување максимален притисок врз Техеран, според сегашни и поранешни функционери, кои зборуваа под услов на анонимност, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ