Американски турист загина од гром додека се искачувал на активниот вулкан Етна на Сицилија, објави весникот „Кориете дела сера“.
Според извештајот, туристот се обидел да се искачи на вулканот преку забранета патека.
За време на искачувањето, тој бил зафатен од силна бура, а потоа удрен од гром.
Спасувачите го пронашле туристот во критична состојба.
Тој бил евакуиран со хеликоптер и однесен во болница во Катанија со срцев застој, но лекарите не успеале да го реанимираат.












