САД испратија нацрт-резолуција до Обединетите нации со која бараат целосно откривање на нуклеарните објекти и залихите на збогатен ураниум на Иран, заедно со непосреден пристап до инспекторите на МААЕ.
Новата нацрт-резолуција, подготвена од САД и испратена до земјите-членки на Комитетот за нуклеарна енергија на Обединетите нации, бара Иран да обезбеди „прецизни информации за своите бомбардирани нуклеарни локации и залихите на збогатен ураниум“, објави денес Ројтерс, кој имаше пристап до нацрт-резолуцијата.
„Иран мора да ѝ обезбеди на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) прецизни информации за евидентирањето на нуклеарниот материјал и заштитените нуклеарни објекти во Иран“, се наведува во нацрт-резолуцијата на САД.
Исто така, се бара Иран да ѝ го даде на МААЕ пристапот што ѝ е потребен за да ги потврди сите податоци без одложување. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, во саботата ја обвини МААЕ за политизирање на нуклеарниот надзор, објавија арапските медиуми.
Гарибабади рече дека МААЕ го политизира надзорот врз нуклеарната програма на Техеран, обвинувајќи го генералниот директор Рафаел Гроси дека ги превидува нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни постројки под негова заштита, објави претходно Ал Џезира.












