Каков (летен) хит ќе излезе од неговата нова песна, сосе видеото снимено на островот Хвар? За оваа убава летна песна е одбран морскиот амбиент на јадранскиот остров Хвар, еден од најатрактивните острови на Медитеранот. Таму се снимаше и видеоспотот. Уште позанимливо е што спотот го снимаше самиот Тарабунов, со својот висококвалитетен мобилен телефон. – Нема глума, нема маски, нема кисели насмевки, нема ниту лицемерство!
Македонскиот поп-пејач Александар Тарабунов, кој зад себе веќе има неколку хитови, сега го најавува најновиот, кусо насловен хит „Пеј“. – Доаѓа топло, долго лето, па на сите ни се пее, поопуштени сме, некаде под некоја дебела ладовина, на морски или езерски брег. Со освежителни сокови и прегрнати со саканата личност, вели Тарабунов (за оние што не знаат, тој е син на нашата фолк-легенда, Ванчо Тарабунов).
За оваа убава летна песна, морскиот амбиент не е одбран случајно. И тоа, не каде било, туку на јадранскиот остров Хвар, еден од најатрактивните острови на Медитеранот. Таму се снимаше и видеоспотот. Уште позанимливо е што спотот го снимаше самиот Тарабунов, со својот висококвалитетен мобилен телефон.
– Нема глума, нема маски, нема кисели насмевски, нема ниту лицемерство, има само живот фатен низ објективот. Секој поглед, секој чекор, секој морски бран и секој глас кој доаѓа од бујната медитеранска природа се соединуваат во песната „Пеј“, вели распеаниот пејач. Монтажата е дело на Зоран Зонде Стојановски, а публиката може само да ужива во убавините на Јадранот. – Го одбрав островот Хвар за снимање затоа што само таму можев да ја доловам мојата емотивна приказна низ песната, објаснува популарниот Тара. Тој е комплетен автор на песната. Беше навистина вреден, па сè си напиша самиот: музика, текст и аранжман.
За тие што забораваат или не се во тек, а не е за лутење, нели, Александар Тарабунов-Тара многупати се докажал како голем мераклија во кујната. Обожава да приготвува печено, пржено, варено, месено, благо, а декорациите што ги става врз јадењата му се вистинска уметност. Толку многу е вљубен во готвењето што посакува да отвори свој ресторан.
– Веројатно поседувам некој талент за готвење, наследен од татко ми Ванчо, кој секојдневно готви, објаснува пејачот. Сите негови готвени јадења се врвни, а јас учам од него. Често истражувам за продуктите, ги комбинирам, експериментирам. На тој начин го усовршувам талентот за готвење. Тие што велат дека само жените ги бива во кујната, многу грешат. Мажите се многу подобри готвачи!
(Д. М.) фото:ФБ












