петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Гркот Сакис Рувас и денес, по евровизискиот мегахит „Shake It“, провоцира со...

Гркот Сакис Рувас и денес, по евровизискиот мегахит „Shake It“, провоцира со секси настапите

82

За неодамнешното пукање на неговите панталони токму меѓу нозете, кога забележливо му ѕиркаа црните слип гаќички, сите зборуваат дека е дел од смислено сценско сценарио. Тој и на свои 55 години останува привлечен, но води значително помирен живот, и професионално и приватно. Во среќен брак е со манекенката Катја, со која има четири дечиња – двајца синови и две ќерки                  

 Мегапопуларниот грчки пејач, Сакис Рувас, со почетокот на годинашната Песна на Евровизија, повторно ги оживеа спомените на онаа дамнешна 2004 година, кога со својот атрактивен настап ја освои публиката во Европа, а особено жените и девојките со својата физичка појава. Роден е на убавиот грчки остров Крф, во сиромашно семејство. Најпрво почнал да настапува по грчите клубови танцувајќи, а потоа и во клубовите во западноевропските земји. Поседувал голем талент за атлетика во раното детство, но морал да го батали овој спорт, бидејќи немал пари за живот од него.

Но, неговиот талент за пеење, силниот тенор вокал брзо допре до публиката. Во комбинација со еротските костими и сценските кореографии, Сакис стана грчка естрадна ѕвезда. Многумина го прогласија за највлијателен грчки изведувач на деценијата, а магазинот „Форбс“, во 2010 година, го прогласи за трета највлијателна позната музичка личност во неговата Грција. Има снимено многу албуми, одржано многу концерти и добиено награди на планетарно ниво, како: „Ем-ти-ви Јуроп мјузик авордс“ и „Ворлд мјузик аворд“.

Евровизискиот хит „Shake It“ му донесе армија обожавателки, кои сè уште ја следат неговата пејачка кариера. Тогаш победата ја однесе претставничката на Украина, Руслана, со песната „Wild Dances“, а Македонија ја претставуваше Тоше Проески, на натпреварот во Турција. Сакис го освои високото трето место. Оттогаш помина многу време, многу години. Рувас и денес, на свои 55 години, е привлечен, но води  значително помирен живот, и професионално и приватно.Во среќен брак е со манекенката Катја, со која има четири дечиња – двајца синови и две ќерки. Двајцата ја обожаваат високата мода. Па така, кога правеа свадба, невестата Катја блесна во префинета венчаница на грчката дизајнерка Селија Критариоти, додека тој носеше костум од грчкиот моден хит-дизајнер Георге Пападогамврос. Сакис е познат и по тоа што сака да ја шокира и провоцира публиката на своите настапи. Често го користи својот секси изглед за да привлече големо внимание.

Затоа многумина веруваат дека неодамнешното пукање на неговите панталони, при еден темпераментен настап, и тоа токму меѓу нозете, кога забележливо му ѕиркаа црните слип гаќички, е, можеби, дел од смислено сценско сценарио – за да се предизвика дополнителна бура од реакции кај понежниот пол и сочни коментари од новинарите.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ