недела, јуни 28, 2026
Дома БАЛКАН Аларм на популарниот грчки остров: Огнена стихија ја голта шумата

Аларм на популарниот грчки остров: Огнена стихија ја голта шумата

103
X / Kristy Tallaman

Голем пожар избувна во шумската област Спатарија на грчкиот остров Евија, а во гаснењето се вклучени десетици пожарникари, осум авиони и три хеликоптери. Досега не се загрозени куќи или инфраструктура.

Пожар избувна во шумската област Спатарија, на грчкиот остров Евија, вчера попладне, а во гаснењето се вклучени осум авиони и три хеликоптери, објавија локалните власти.

Пожарот е пријавен по 16 часот, а досега не се загрозени куќи или инфраструктура, објавува „Катимерини“. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 54 пожарникари, кои се присутни на лице место со 21 возило.

Областа на Евија, каде што избувна пожарот, според мапата на ризик од пожар, е со многу висок ризик, во категорија 4. Истражниот тим за пожари во Евија се наоѓа на подрачјето на пожарот за да испита што го предизвикало.

ИЗДВОЕНИ