Младите од Охрид учествуваа во теренска акција за воспоставување еколошки противпожарни појаси во подрачјето на Белчишко Блато. Акцијата е во рамките на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“, насочен кон превенција од пожари и заштита на природните вредности, а ја спроведе Здружението „Екоменолог“ од Охрид.
Во активноста учествуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, претставници од Општина Дебрца, противпожарните служби и граѓанските организации, кои заеднички работеа на создавањето противпожарни појаси.
Во рамките на акцијата беа насадени 230 садници од автохтоните видови, меѓу кои даб, вишна, глог, дрен, леска и дива ружа, со цел подобрување на биодиверзитетот и намалување на ризикот од ширење пожари.
Проектот е поддржан од швајцарската Агенција за развој и соработка и од програмата „Landscape Fire Management“ за Западен Балкан, имплементирана од „Фармахем“.
Организаторите истакнуваат дека ваквите активности се клучни за заштитата на природното наследство и за градењето отпорност кон климатските ризици и ризиците од пожари.












