петок, ноември 27, 2026
Дома СКОПСКА Доделени 349 спортски стипендии на најдобрите во Бутел

Доделени 349 спортски стипендии на најдобрите во Бутел

1

Општина Бутел им додели 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од Општината.

– Спроведена е транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбедена е месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти што аплицираа на јавниот повик – нагласија од Општината.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идни европски, светски и олимписки шампиони што ќе ја прослават Македонија во светот. Воедно, тој нагласи дека ќе продолжи да биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од Општина Бутел.

– Лидерската позиција не се стекнува со зборови туку со дела, инвестиции и со резултати. Во Општина Бутел, вредноста на спортот е најголема – изјави Костовски.

ИЗДВОЕНИ