Легендарниот американски тенисер, Андре Агаси, имаше порака за новиот шампион на гренд – слем турнирот Ролан Гарос, Германецот Александар Зверев. Тоа беше првата гренд слем титула за Зверев, кој има изгубено дури три гренд слем финалиња.

„Можеш да освоиш гренд слем, но дали тоа навистина ќе ти го промени животот? Можеш да кажеш дека е така, но лесно е да се каже, сепак не знам дали ќе го стори тоа“, рече Агаси и додаде:

„Имавме многу чудотворци од гренд слем кои постигнаа неверојатни резултати. Сигурен сум дека се воодушевени што победија.“

Агаси истакнува и дека му ја открил својата тајна на Германецот пред финалето на Ролан Гарос.

„Кога конечно ја достигнав целта и го освоив гренд слемот, ми открија една валкана мала тајна: таа победа не менува ништо. Повторно ќе го имате тој притисок ако имате поголеми очекувања од себе. Затоа мора да се справите со тоа“, му кажал Американецот.

Агаси ја освои својата прва гренд слем титула на Вимблдон во 1992 година и освои вкупно осум во совјата кариера.

ИЗДВОЕНИ