понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПРИВЕДЕН ХРИСТИЈАН КОРАБОСКИ, ОСОМНИЧЕН ЗА БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА ОД ОХРИД

ПОВТОРНО ПРИВЕДЕН ХРИСТИЈАН КОРАБОСКИ, ОСОМНИЧЕН ЗА БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА ОД ОХРИД

1

Повторно е приведен 31-годишниот Христијан Корабоски, осомничен за бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, која беше претепана до онесвестување и оставена на улица. Од СВР Охрид ја потврдија информацијата, посочувајќи дека во случајот се појавиле нови околности.

Засега не се соопштуваат детали за причините за повторното приведување, ниту дали Основното јавно обвинителство Охрид ќе побара од судот да му определи мерка притвор.

Во меѓувреме, од Основното јавно обвинителство појаснија дека нема промена на обвинителот кој постапува во случајот. Разговорот со Сара го водела жена обвинител, согласно конвенциите и процедурите за постапување со жени жртви на насилство.

Оттаму посочуваат дека уште од синоќа се постапува итно, со цел јавнообвинителската одлука да биде донесена во најкраток можен рок.

ИЗДВОЕНИ