понеделник, ноември 16, 2026
Дома СВЕТ Украина погоди клучен руски објект/ВИДЕО

Украина погоди клучен руски објект/ВИДЕО

0
EPA/STRINGER

Украина изврши напад врз Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим. Сообраќајот е ограничен до пладне, соопшти прорускиот гувернер на полуостровот, Сергеј Аксјонов, пренесува „Украинска правда“.

Од почетокот на војната со Русија, Украина во неколку наврати го нападна овој мост – кој е најдолг во Европа.

Во последните месеци, руските напади врз мостовите во Украина се интензивираа, што предизвика одговор од украинска страна.

Од сите напади, најзначајниот се случи во октомври 2022 година, кога во експлозија на камион-бомба загинаа четири лица. Тогаш, сообраќајот преку Кримскиот мост беше ограничен во текот на неколку месеци.

ИЗДВОЕНИ