понеделник, септември 28, 2026
Дома БАЛКАН Додека колегите штрајкуваат, само Кристина вози трамвај низ Загреб: „Моја должност е...

Додека колегите штрајкуваат, само Кристина вози трамвај низ Загреб: „Моја должност е да работам“

1

Додека големото мнозинство од нејзините колеги утрово, на 28 септември, останаа во гаражите поради штрајкот на ЗЕТ (Загребски електричен трамвај), возачката Кристина Јозиновиќ реши да седне зад управувачот на трамвајот и да излезе на улиците во Загреб, а реакциите на граѓаните, како што вели, посебно ја изненадиле.

Јозиновиќ во текот на утрото им се обрати на новинарите на вртелиштето Пречко, каде што објасни зошто не им се приклучила на колегите кои штрајкуваат.

Зошто Кристина не сакала да штрајкува?

„Од почетокот не бев за овој протест ниту за таков вид протест. Решив да работам бидејќи сум вработена за овој град и за овие луѓе. моја должност и одговорност беше денеска да работам“, рече Јозиновиќ, пренесува „Јутарњи лист“.

На прашањето дали имало притисоци да излезе на трасата, таа одговори дека одлуката ја донела сама.

„Никој за ништо не ме притискаше. Самите можевме да одлучуваме. Сите штрајкуваат, сите останаа во гаражата, само јас излегов“, изјави таа.

Јозиновиќ не го крие raзочарувањето од одлуката на нејзините колеги речиси целосно да го запрат трамвајскиот сообраќај.

Што мисли за одлуката на нејзините колеги да штрајкуваат?

„Искрено сум шокирана. За мене ова е поразително, барем дел од колегите да излезеа па да го покриевме Загреб барем со празничен возен ред. Или барем штрајкот да се одржеше во сабота или недела“, смета Кристина.

Медиумите ја прашаа и што мисли за изјавата на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, дека на работниците кои учествуваат во штрајкот денешниот ден нема да им биде платен.

„Мислам дека тоа е во ред. Го поддржувам господинот Томашевиќ“, одговори таа.

Вели дека во текот на утринското возење посебно ја изненадила реакцијата на граѓаните.

Како реагирале граѓаните кога го виделе трамвајот?

„Прекрасно ми е, сите мавтаат, сите свират од автомобилите. Одушевена сум од реакцијата на луѓето и мило ми е што сум тука. Горда сум на себе што решив да работам“, рече младата возачка.

Нејзината смена започнала во 4:30 часот, а според распоредот треба да заврши во 11 часот.

„Мојата смена требаше да биде од 4:30 до 11:00 часот. Требаше да завршам во 11:00 часот“, изјави Јозиновиќ.

Зошто работниците на ЗЕТ стапија во штрајк?

Штрајкот на работниците на ЗЕТ и на дел од вработените во „Загреб Холдинг“ започна во понеделникот во 3:30 часот наутро, откако со месеци преговорите за нови колективни договори не резултираа со договор.

Главната точка на спор се однесува на висината на платите – конкретно, на зголемувањето на основната стапка што се користи за пресметка на платите. Пред штрајкот, синдикатите на ЗЕТ го намалија своето барање на зголемување на основната стапка за 13 проценти, додека Управниот одбор остана на својата понуда од 4,5 проценти, придружена со одредба за усогласување на основната стапка со растот на потрошувачките цени почнувајќи од 2027 година.

Колективните договори истекоа во март, а двете страни не успеаја да постигнат компромис дури ни по процесот на помирување и финалните разговори одржани за време на викендот.

ЗАГРЕБ ЗАСТАНА: Штрајк ги запре трамваите и автобусите, граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат

ИЗДВОЕНИ