ОЈО Скопје: Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

102

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

„Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди“,велат од Обвинителството.

По пукањето, двајцата браќа со автомобил веднаш го напуштиле местото.

Постариот брат (30) подоцна е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот (23) и натаму се трага.

ОЈО Скопје до Кривичниот суд достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. За лицето во бегство притворот ќе се применува од неговото пронаоѓање и приведување. Осомничени се дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ