четврток, октомври 22, 2026
Дома СПОРТ Нагелсман го презема Манчестер Јунајтед? На Керик му се подготвува отказ

Нагелсман го презема Манчестер Јунајтед? На Керик му се подготвува отказ

0
EPA/GREG M. COOPER

Јулијан Нагелсман е еден од главните кандидати за замена на Мајкл Керик на позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед, при што клубот веќе стапил во контакт со него за да ја провери неговата подготвеност да го преземе тимот, пренесува новинарот Бен Џејкобс.

Керик се наоѓа под огромен притисок по поразот на Јунајтед од Комо со 4–1 во Лигата на шампионите. Ова е продолжување на серијата лоши резултати, поради што тимот од „Олд Трафорд“ нема победа на последните седум натпревари во сите натпреварувања.

По поразот од Комо, капитенот Бруно Фернандеш јавно ја критикуваше тактиката на Керик, што дополнително ја влоши позицијата на 45-годишниот менаџер. Британските медиуми исто така пренесуваат дека Керик утрово не пристигнал во тренинг-центарот „Карингтон“ во 7:30 часот, како што му е вообичаената рутина.

Сепак, според извори на „talkSPORT“, се очекува Керик да го води тимот на натпреварот во недела против Борнмут на „Олд Трафорд“.

Според Бен Џејкобс, поранешниот тренер на Баерн Минхен има поддржувачи во управниот одбор на Манчестер Јунајтед. Нагелсман (39) моментално е без ангажман, откако летово се повлече од функцијата селектор на германската репрезентација.

Тој беше високо на листата на Јунајтед уште пред клубот да го назначи Керик за постојан менаџер во мај. Преговорите тогаш не напредуваа бидејќи Нагелсман сè уште ја водеше Германија, додека Керик ја заврши сезоната со добри резултати како привремен менаџер.

Како што пренесува „talkSPORT“, Нагелсман е отворен за преземање на функцијата во Јунајтед.

ИЗДВОЕНИ