четврток, октомври 22, 2026
Дома БАЛКАН Мерц од Будва повикува на брзо пристапување на балканските земји кон Европската...

Мерц од Будва повикува на брзо пристапување на балканските земји кон Европската унија: СМЕТАЈТЕ НА ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА

0
EPA/BORIS PEJOVIC

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на брзо пристапување на балканските земји во Европската унија, на почетокот на самитот во рамките на Берлинскиот процес во Будва.

Обраќајќи им се на лидерите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово, Мерц изјави дека Германија го поддржува нивниот европски пат.

„Вашето пристапување во ЕУ е она што го сакаме. Можете да сметате на поддршката од Германија, како и на мојата лична поддршка“, рече Мерц.

Истовремено, германскиот канцелар ги повика земјите од регионот да спроведат дополнителни реформи.

„Ние, како ЕУ, ги исполнивме очекувањата, но и вие мора да ги исполните. Реформите и политичката волја мора да дојдат од ваша страна“, рече Мерц.

Балканските држави се наоѓаат во различни фази од долготрајниот процес на пристапување кон ЕУ, при што повеќето од нив со години чекаат да станат дел од Унијата.

Според агенцијата ДПА, се очекува Црна Гора прва да биде примена, а предвидувањата се дека преговорите ќе завршат следната година.

ИЗДВОЕНИ