„Звуците на градот“ е наслов на концертот што ќе се одржи на 24 јули (петок) во 19:00 часот, во големата сала од  ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Ова е уште една убава вечер на староградска музика која ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните.

Во рамките на концертот ќе се претстават повеќе групи што ја негуваат староградската музика.

Така, своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“,  КУД „Преродба 24“, Здружението на пензионери – Крушево, Октет Прилеп, КУД „Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“.

Вечерите на староградска музика во Прилеп се секогаш проследени од бројна публика, која ужива во мелодии што ги потсетуваат постарите на нивната младост, а ги одушевуваат младите.

Сепак, организаторите велат дека има сè помалку млади што продолжуваат да ја негуваат оваа традиција.

ИЗДВОЕНИ