Во спротивно, ќе поведам судска постапка барајќи од него 200.000 евра отштета“, вели Вики. Се огласи и новинарот Давид Давидовски во чиј поткаст (емисија) нашиот пејач ја обвини Вики дека му барала 20.000 евра!                       

Од Вардар до Триглав, како медиумска бомба одекна веста дека на Александар Темелков, поранешен натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија,   му било барано мито. Темелков директно ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала 20.000 евра додека се натпреварувал во шоуто. Ова обвинување тој го кажа во поткастот (емисијата) на новинарот Давид Давидовски. Веста брзо стигна и до популарната пејачка. Изјавите на Темелков длабоко влијаеле на нејзиниот професионален интегритет, но и на сето она што го создавала со години на естрадата. Затоа решила правдата, преку адвокат во Скопје, да ја побара на суд! Но…

Како што пишува во “опомената пред тужба“, пејачката бара да се повлечат кажаните невистини, а Александар Темелков јавно да ѝ се извини во рок од 24 часа. Во спротивно, ќе поведе судска постапка барајќи од Темелков 200.000 евра отштета.        По објавувањето на овие шокантни информации од Вики, „Гранд продукција“ веднаш застана зад неа. И, како што објавија тие, доколку пејачот Александар Темелков не ги повлече обвиненијата и јавно не ѝ се извини, продукцијата целосно ќе ја поддржи Вики Миљковиќ во сите понатамошни правни чекори што ќе ги преземе со цел заштита на угледот и на достоинството.Се огласи и новинарот Давид Давидовски. Тој сподели и видео во кое зборува сè најубаво за Вики Миљковиќ, изјавувајќи дека е една од неговите омилени пејачки.       – Вики Миљковиќ го обележа моето детство со своите најголеми хитови. Јас многу ја сакам и поддржувам, наскоро и таа ќе биде гостинка во мојата емисија „Давид на прва“. Вики е и најпрекрасниот човек што сум го запознал во мојот живот. Таа навистина е најдобриот човек што гази на планетава Земја. Но, морам да кажам дека јас, како дипломиран новинар, морам да го слушнам секој мој гостин, односно соговорник, но да бидам објективен, да не носам мој личен суд. Ви благодарам на сите, сè е средено, избришано е тоа што треба да биде избришано – порача Давид.                                          После се, се јави и самиот Темелков: – Јас досега во мојата кариера не сум навредил никого, а најмалку би го направил тоа за мојата бивша менторка Вики Миљковиќ.  Се извинувам на сите кои што погрешно го разбраа овој случај. Никогаш не сум употребил погрдни зборови, ни кон Вики Миљковиќ, ни кон Гранд-продукција.           (Д. М.) фотоа: архива

 

ИЗДВОЕНИ