Освојувачот на последниот гренд – слем турнир Германецот, Александер Зверев на урнебесен начин му одговори на Шпанецот Карлос Алкарас во пресрет на почетокот на Лејвер купот во Лондон.
Германецот во финалето на САД Опен го совлада домашниот претставник, а по последниот поен не беше свесен дека мечот завршил, па дури по реакцијата на својот тим и публиката сфати дека станал шампион. Затоа при средбата на тренинг пред почетокот на Лејвер купот, Алкарас го праша Зверев што му се случувало во главата во тие моменти.
„Гледав од дома, не ми беше јасно… Што точно се случи, на што мислеше?“, праша Шпанецот.
Зверев одговорил со доза самоиронија.
„Ништо не ми беше во главата. Кога си глупав, тоа помага“, се пошегува Германецот.
Алкарас веднаш реагираше и се обиде да ја објасни ситуацијата од друга перспектива.
„Не, не, не. Корисно е да не го знаеш резултатот во решавачкиот сет…“, му рече тој.
Зверев потоа открил дека навистина не бил свесен за точниот резултат во завршницата од мечот.
„Да, мислев дека резултатот е 4:1. Ако знаев дека е 5:2, ќе бев многу нервозен“, призна Зверев.
Необичната ситуација на крајот му помогнала да остане смирен во најважните моменти и да стигне до големата титула на последниот гренд слем турнир во сезоната.











