среда, септември 23, 2026
Дома СВЕТ Сомнителен пакет го крена Њујорк на нозе: Евакуација на неколку блока кај...

Сомнителен пакет го крена Њујорк на нозе: Евакуација на неколку блока кај седиштето на ОН

0

Неколку згради во Њујорк беа евакуирани во вторникот, додека полицијата истражуваше сомнителен пакет во близина на улицата „Источна 43-та“ и Третата авенија на Менхетен – на само неколку блока од седиштето на Обединетите нации, каде што во моментов се одржува Генералното собрание на ОН.

Полицијата на Њујорк (NYPD) го затвори просторот меѓу улиците „Источна 42-ра“ и „Источна 44-та“, во потегот од Втората до Лексингтон авенија, и апелираше до јавноста да ја избегнува околината на улицата „Источна 43-та“ и Третата авенија поради затворените патишта и можните сообраќајни застои, пренесува „Фокс њуз“.

Според непотврдени информации, сомнителниот предмет веројатно бил куфер оставен без надзор.

Полицијата потврди дека биле спроведени евакуации на згради, но не прецизираше колку објекти биле евакуирани.

Откако операцијата заврши, улиците беа повторно отворени, а полицијата одби да соопшти детали за сомнителниот пакет, вклучително и за неговата точна локација или содржина.

Инцидентот се случи за време на Генералното собрание на ОН, настан на кој присуствуваат бројни светски лидери. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот се обрати пред Генералното собрание и одржа неколку билатерални средби со странски функционери, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ