Општина Ѓорче Петров ги исплати средствата за финансиска поддршка на првачињата, во вкупен износ од 1.369.000 денари, односно по 3.000 денари за секое прваче.
– Оваа мерка беше воведена првпат годинава со цел да им се помогне на семејствата и да се олесни почетокот на образованието за најмладите. Финансиската поддршка е дел од посветеноста на Општина Ѓорче Петров кон создавање подобри услови за секое дете и директна помош за семејниот буџет – велат од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека грижата за првачињата продолжува и во текот на следната година, повторно преку финансиска помош, обезбедување бесплатно училишно ранче, прибор и бесплатен оброк за сите најмлади ученици во училиштата.












