Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанската населба Оризари продолжува со меѓународните успеси, освојувајќи златен медал на 9. интернационален фестивал „Фолк нијанса“ во Бугарија, кој изминатите шест дена се одржуваше во Сончев Брег и Несебар.

-ФА „Осоговски извор“  со гордост ја претстави македонската традиција, а нашиот труд и посветеност беа наградени со највисокото признание – златен медал, соопштуваат фолклористите од Оризари.

Како што нагласуваат, поминале шест незаборавни дена во Сончев Брег и Несебар, исполнети со фолклор, дружење, море и моменти што ќе ги паметат засекогаш.

-Традицијата е наш корен, фолклорот е наш јазик, а успехот е наша инспирација да продолжиме понатаму- нагласуваат членовите на ФА „Осоговски извор“

ИЗДВОЕНИ