EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

Поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ ги пофали настапите на Мароко на Светското првенство и оцени дека африканската репрезентација повеќе не може да се смета за аутсајдер на големата сцена. По ремито со Бразил, Мароко ја оствари својата прва победа на турнирот, откако ја победи Шкотска со резултат од 1:0.

Единствениот гол го постигна Билал Ел Канус Саибари веќе во 69-тата секунда од играта.

Ибрахимовиќ верува дека резултатите на Мароко не се резултат на случајност, туку на долгогодишна работа и развој на националниот тим.

„Ова не е среќа, ова не е изненадување. Ова е тим кој работеше со години за да го достигне ова ниво и сега му покажува на светот кој е навистина. Ако продолжат со овој интензитет и концентрација, не мислам дека ќе има многу национални тимови на ова турнир кои ќе сакаат да играат против нив. Заборавете ја приказната дека Мароко е аутсајдер. Аутсајдерите не играат фудбал на овој начин“, рече Ибрахимовиќ.

Легендарниот напаѓач додаде дека е особено импресиониран од начинот на кој Мароко го контролираше поголемиот дел од средбата против Шкотска.

„Она што го видовме во поголемиот дел од натпреварот е тим кој има квалитет, самодоверба и менталитет да стигне многу далеку на ова Светско првенство. Доколку продолжат да играат на ова ниво, никој не треба да биде изненаден ако Мароко стане една од најголемите приказни на ова Светско првенство“, рече Ибрахимовиќ.

Мароко остави силен впечаток и на претходното Светско првенство со пласманот во полуфиналето, каде што ја испишаа историјата на африканскиот фудбал.

Според Ибрахимовиќ, оваа репрезентација сега има квалитет повторно да биде меѓу најпријатните изненадувања на турнирот, па дури и еден од кандидатите за самиот врв.

ИЗДВОЕНИ