
Постојат ривалства што никогаш не умираат: дури и во документарецот на „Нетфликс“ за неговото животно дело („Мурињо“), Жозе Мурињо не можеше да одолее, а да не го нападне Пеп Гвардиола.
– На некои луѓе им треба одмор – се пошегува Мурињо кога го прашаа за доброволната пауза од тренерската работа, со што индиректно се дистанцираше од својот голем „ривал“ Гвардиола.
По почетниот удар, Мурињо додаде: „За мене, заминувањето е знак на слабост, нешто што го мразам. Го мразам тој збор. Затоа, не зборувајте ми повеќе за тоа“.
Гвардиола зеде една година одмор откако ја напушти Барселона во 2012 година. Моментално, прави пауза по десет години на клупата на Манчестер сити, а неодамнешната понуда да ја тренира италијанската репрезентација експресно ја одби. Во меѓувреме, нагласи дека не може да си го замисли животот без фудбал. Неговиот свет, рече тој, се состои од „стадиони со 50.000 или 90.000 навивачи“. Додаде дека сака да тренира барем уште десет години, можеби дури и во своите седумдесетти години.
– Сакам да освојам повеќе титули. Само кога ќе одлучам да се качам таму, со симболичен гест кон небото нагласи 63-годишникот.
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите има горчлива лична расправија со Гвардиола. Поранешните колеги од Барселона кон крајот на 1990-тите станаа долгорочни ривали, и тоа во текот на првиот мандат на Мурињо во Реал Мадрид (од 2010 до 2013). Гвардиола во исто време ја тренираше Барса и беше вмешан во бројни жестоки дуели со португалскиот менаџер, кој тогаш беше на чело на Реал. Иако иднината на Шпанецот во моментов е неизвесна, Реал објави за негово враќање во Мадрид во јуни.
Сепак, тој одлучи повторно да направи пауза, иако беше многу блиску до тоа да биде на клупата на Италија, на која по години огромни неуспеси ѝ е потребен пробив до врвот на светскиот фудбал.
Гвардиола освои околу 40 трофеи, предводејќи ги Барселона, Баерн и Сити. Тој има три титули во Лигата на шампионите, две со Барса и една со Сити.
Мурињо има малку помалку трофеи, а има раководено со повеќе тимови, како што се Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер јунајтед, Рома, Тотенхем…
Специјалниот има помалку трофеи во Лигата на шампионите, која ја освои сензационално со Порто, а потоа слично и со Интер. Тој ја има и титулата во Лига Европа со „црвените ѓаволи“.
Впечатокот е дека двајцата се меѓу најдобрите тренери во последните 25 години, а нивното соперништво е посебна приказна.











