недела, јули 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жена загина во пожар во куќа во скопска Пинтија

Жена загина во пожар во куќа во скопска Пинтија

77

Осумдесет и петгодишна жена почина откако дицна синоќа избувнал пожар во куќа во Пинтија.

Според полицискиот билтен ноќеска во 1:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид.

ИЗДВОЕНИ