вторник, јули 14, 2026
Дома СВЕТ Блискиот Исток повторно врие! Америка нападна, Иран возврати, на мета е и...

Блискиот Исток повторно врие! Америка нападна, Иран возврати, на мета е и Кувајт

852
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Американските сили започнаа нов воен напад врз Иран, таргетирајќи позиции за кои Вашингтон верува дека претставуваат закана за американските трупи и трговски бродови во Ормускиот теснец, изјави за Ројтерс неименуван американски функционер.

Тој тврди дека американската војска соборила неколку ирански беспилотни летала за време на операцијата, за кои било оценето дека се способни да ја загрозат регионалната безбедност и меѓународниот поморски сообраќај.

Техеран брзо одговори на нападите. Иранската војска објави дека, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас, извршила напад врз американска воздухопловна база.

Според странските медиуми, целта на иранскиот одговор била американска воена база во Кувајт.

Во исто време, иранските медиуми објавија дека рано утрово источно од пристаништето Бандар Абас, една од клучните точки во Ормускиот теснец, се слушнале три силни експлозии. Локални извори велат дека по детонациите накратко бил активиран систем за воздушна одбрана.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од проблемите во поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Податоците од LSEG и Kpler покажуваат дека три големи танкери, два супертанкери и еден носач на течен природен гас, поминале низ теснецот со исклучени транспондери претходно оваа недела, а потоа продолжиле по својот пат кон Индија и Кина.

Бродовите успеале да го напуштат Персискиот Залив и покрај зголемените безбедносни закани и ограничувања во еден од најважните енергетски водни патишта во светот.

ИЗДВОЕНИ