вторник, октомври 13, 2026
Дома БАЛКАН Жена паднала од крузер во Грција: Пронајдена жива по 20 часа/ВИДЕО

Жена паднала од крузер во Грција: Пронајдена жива по 20 часа/ВИДЕО

17

Грчката крајбрежна стража соопшти дека 44-годишна жена е спасена откако поминала 20 часа во Јонското Море, откако наводно скокнала од брод за крстарење.

Државјанката на Ел Салвадор била пронајдена во свесна состојба, а во потрагата учествувале повеќе пловни објекти, пренесува „Еуроњуз“.

Инцидентот се случил во петокот наутро додека бродот „Одисеј на морињата“ (Odyssey of the Seas) на компанијата „Ројал Карибијан“ (Royal Caribbean), пловел југозападно од островот Закинтос.

Според крајбрежната стража, жената изјавила дека скокнала бидејќи „сакала да се симне од бродот“.

Превртен појас за спасување бил првиот предмет забележан за време на операцијата за пребарување.

Во раните утрински часови во неделата, екипажот на товарниот брод „MSC Rossella III“, кој пловел под знамето на Мадеира, ја пронашол жената во морето.

Според соопштението, таа била свесна и се наоѓала внатре во појасот за спасување, пренесува „Индекс“. Потоа, брод за спасување ја качил жената, ѝ укажал прва помош и ја пренел во болница.

ИЗДВОЕНИ