Утрово земјотрес со епицентар во соседна Албанија беше почувствуван и во југозападниот дел на Македонија, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според информациите од Опсерваторијата, потресот бил регистриран во 7:52 часот, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Струга и околните населени места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија објавија и карта на која е прикажана локацијата на епицентарот на земјотресот.












