четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ Земјотрес во Мадрид, две ѕвезди најавуваат заминување поради Родри

Земјотрес во Мадрид, две ѕвезди најавуваат заминување поради Родри

3383
epa12800119 Real Madrid's players celebrate after scoring the 0-1 lead during a Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid at Balaidos stadium in Vigo, Spain, 06 March 2026. EPA/Lavandeira Jr

Шпанските медиуми објавуваат интересни информации што би можеле да ја разбрануваат соблекувалната на Реал (М), во случај клубот да го реализира најавениот трансфер.

Според порталот „Ел Национал“, бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор наводно ги предупредил челниците на Реал (М) дека би можел да размисли за напуштање на клубот доколку играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Истиот извор наведува дека францускиот играч од средниот ред Едуардо Камавинга, има слична позиција, и дека тој, исто така, наводно не би бил воодушевен од потенцијалното доаѓање на шпанскиот интернационалец.

Родри во последно време често се поврзува со Реал (М), особено откако ја освои „Златната топка“ во 2024 година и дополнително го потврди својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Челниците на „кралскиот клуб“ беа убедени дека Родри ја „украл“ „Златната топка“ од Винисиус кој буквално до последен момент беше убеден дека ќе ја освои најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет.

Сепак, засега нема конкретни индикации дека трансферот е блиску до реализација, а Реал (М) не ги коментираше овие наводи.

За потсетување, Винисиус е еден од клучните играчи на „кралскиот клуб“ со години, додека Камавинга има сè поважна улога во средниот ред на тимот од Мадрид.

Останува да се види дали Реал (М) навистина ќе се одлучи за Родри и какво влијание би можело да има тоа врз атмосферата во тимот.

Винисиус дефинитивно не би го прифатил доаѓањето на големиот непријател, а очигледно е дека некои од другите играчи на Реал не сакаат да ја делат соблекувалната со Родри.

Искусниот играч за врска има договор со Сити до летото 2027 година, но веќе освои сè со англискиот тим и наводно е желен да се врати дома во Шпанија.

 

ИЗДВОЕНИ