Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, игра одлична сезона во Европската лига, каде директно се пласира во четвртфиналето, меѓутоа го држи и лидерското место во Суперлигата, поточно се поблиску е да ја вратит титулата од Битола, нешто што за влакно не му успеа минатата сезона.
Сепак лидерот во домашнотот првенство се соочува и со сериозни проблеми околу некои играчи за ростерот во наредната сезона Вардарци и ако направија максимум да го продолжи договорот со Украинецот Дмитро Хориха, сепак левиот бек од следната сезона нема да игра во Македонија. Хориха, кој има македонски пасош постигнал договор со унгарскиот гигант ПИК Сегед, потврди тренерот на тимот Иван Чупиќ во интервју за „Спортске новости“.
Во следните неколку сезони Хориха ќе ги брани боите на тимот од Сегедин, со што овој клуб ја победи конкуренцијата на клубови од Германија, Шпанија и од Македонија, Вардар не криеше дека ќе направи максимум да го задржи Хориха, а и Охрид се интересираше за него по истекот на договорот.
„Вардар четири години не игра во Лигата на шампионите, три не е на тронот во домашното првенство. Имаме наши цели. Бараме две засилувања. Ако успееме, верувам дека тоа ќе биде тоа. Следната сезона Хориха оди во Сегед, доаѓа Љевар. Дојдоа Воркапиќ и Силва, побрзо од планираното затоа што останавме без Талески и Борозан. Доаѓа и Бомоштар, а ќе видиме уште кој друг“, изјави Чупиќ.
Хориха (28) веќе доби македонски пасош, не играше за Украина на Европското првенство и во април ќе истечат три години неактивност со ова селекција. Тогаш и теоретски Хориха ќе може да заигра за македонската репрезентација, доколку добие повик. Вардар веќе ја договори замената за Хориха, а тоа е Хрватот Леон Љевар.












